21:22 - 7 април, 2026

Шварценегер има порака до целиот свет: Не сум експерт за надворешна политика, но знам дека во војната и после неа никој не победува

Познатиот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, се огласи на социјалните мрежи по руската инвазија на Украина.

„Моите мисли се со украинскиот народ. Од мене беше побарано да дадам неколку интервјуа, но верувам дека вестите треба да продолжат да се фокусираат на она што се случува на теренот – на трагедијата што ни ги скрши срцата и на храброста на украинскиот народ што нѐ инспирираше. Не сум експерт за надворешна политика, па анализата ќе им ја препуштам на попаметните од мене.

Знам како е да се расте по војна, во окупирана земја и знам дека во војната и после неа никој не победува. Сите страдаат. Војната има начин да ги разбие победниците заедно со губитниците. Имам пријатели и фанови од Украина и пријатели и фанови од Русија. Колку што знам, никој од нив не го сака ова. Се надевам дека разумот на крајот ќе надвладее и ќе стави крај на оваа непотребна војна пред да бидат уништени премногу животи. Во меѓувреме, јас сум со народот на Украина. Ја споделувам вашата тага и вашата надеж за мир. Ме инспирирате со вашата храброст и вашата хуманост во соочувањето со овој кошмар.
Господ да ве благослови“, напиша Шварценегер на Фејсбук.

Слични објави

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.
Се вчитува....