5.8 C
Скопје
04:58 - 24 март, 2026

Штрајк во „New York Times” – пропаднаа преговорите со издавачот

Вработени во „Њујорк Тајмс“ и членови на синдикатот денеска ќе престанат со работа на еден ден откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот.

Ова е прва пат вработените во „Њујорк тајмс“ да учествуваат во прекин на работатат од доцните 1970-ти.

Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ Соединетите Држави во кое се вклучени вработени од компании како „Амазон“, „Старбакс“ и „Епл“ кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работните практики.

Мередит Коп Левин, претседателка и извршна директорка на “New York Times” соопштила дека е разочарувачки што преземаат толку драстични мерки, имајќи ја предвид јасната посветеност која ја покажале околу преговорите за договорите кои на новинарите на “Times” им обезбедуваат значајно зголемување на платата, водечки бенефиции на пазарот и флексибилни услови за работа.

Синдикатот “News Gild” од Њујорк, кој ги претставува новинарите и другите вработени во “Times”, во соопштение рекол дека се штрајкува поради неуспехот на компанијата да преговара во добра намера, да постигне чесен договор со вработените и да ги исполни нивните барања.

Последните недели, „CNN“ отпушти стотина вработени, новинскиот ланец Генет отпушти 200, а и други новински агенции разгледуваат начини да се ослободат од трошоци.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....