9.8 C
Скопје
15:35 - 21 февруари, 2025

Шефицата на персоналот на кралицата Елизабета по 32 години даде отказ

кралица елизабета

Шефицата на персоналот на кралицата Елизабета Втора во Сандринграм даде отказ по 32 години работа затоа што вработените не сакале да поминат еден месец во изолација.

Патриција Ерл поднесе оставка откако пред неколку недели вработените одбија да поминат еден месец во изолација со кралицата и со нејзиниот сопруг, без можност да се видат со семејствата.

Како што пишуваат британските медиуми, на Патриција ѝ било непријатно што персоналот го одбил планот поради пандемијата со коронавирус да се изолира заедно со кралицата, за да ја заштити од опасната болест што не стивнува.

Патриција Ерл била примерна шефица на персоналот, а пред две години добила кралски медал од кралскиот викторијански ред за посветена работа. Таа не сакала да коментира зошто дала отказ, но веста на медиумите им ја пренесол портпаролот на Бакингемската палата.

– Нејзиното заминување беше пријателско – кратко соопштил тој.

Кралското семејство замолило околу 20 вработени на имотот во Норфолк, еден месец да се изолираат со кралицата Елизабета и со принцот Филип поради пандемијата за да ги поминат божиќните празници без страв од коронавирусот.

Но група вработени го одбила планот, бидејќи не им се допаднал фактот дека нема да смеат да ги видат семејствата за време на Божиќ. Кралицата со членовите од своето семејство досега ги минуваа божиќните празници во Сандриграм, но поради пандемијата за првпат по 33 години ќе ги помине во дворецот во Виндзор. Елизабета Втора и нејзиниот сопруг таму се од октомври, освен што неколкупати поради професионални обврски таа мораше да отиде во Лондон на неколку денови.

Првпат по 1949-та година, кралската двојка ќе ги мине празниците без своите деца и внуци.

Но, тука не завршуваат тажните вести за кралицата. Таа остана и без омиленото куче, коргито Вулкан. Познато е колку кралицата е приврзана со своите миленици. Уште како млада таа го добила својот прв велшки корги, раса што подоцна стана нејзина голема љубов и страст, а во текот на владеењето ги имаше вкупно 30.

Минатата година во октомври почина последниот кралски корги, па така престана да постои кралската династија од прекрасни кученца, која датираше од 1944 година, кога Елизабета Втора го добила првиот корги, Сузан, како роденденски подарок.

Минатата година кралицата реши дека нема да ги спарува, затоа што не сака да останат по неа откако таа ќе почине. Пред неколку денови откако од старост почина Вулкан, таа остана со едно милениче, Кенди.

Слични објави

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova

(Фото) Ниту мајка ѝ не би ја препознала без шминка! Вака изгледа Мелина во теретана! 

Еспресо

(Фото) Ова е идната снаа на Харис Џиновиќ и Мелина: Исплива фотографија од Кан и неговата атрактивна девојка

Еспресо

(Фото) Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница ги покажаа телата во костими за капење држејќи се за раце

Еспресо

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Еспресо
Се вчитува....