14:39 - 8 април, 2026

САРА ЈО во геј-клуб го прослави поразот на натпреварот за Евровизија

По освојувањето на второто место на изборот за песна на Евровизија и поразот од Констракта, српската ѕвезда Сара Јо продолжила во белградски геј клуб каде што славела до раните утрински часови, пренесува Нова.рс.

Во друштво на нејзиното момче, словенечкиот танчер Жига Сотлар, се забавувала до раните утрински часови.

Нејзините песни цело време се свиреле, а нејзиното доаѓање било придружено со песната „Мушкарчина“ со која се бореше на натпреварот „Песна за Евровизија“.

Веселбата била придружена и со огномет.

Иако во текот на вчерашниот ден сите беа во исчекување на изјава на Сара Јо и нејзина реакција по поразот, бидејќи таа важеше за фаворитка на натпреварот, таа не се огласи, но се огласи нејзиниот пријател Марко Спалевиќ, одговорен за односите со јавност на Сара.

„Не ни треба Евровизија за да покажеме дека е возможно во Србија да се реализира светски настап! Реакцијата на публиката уште еднаш потврди дека Сара Јо е најдобрата изведувачка кај нас, која може да донесе уште многу повеќе! Ова ќе се памети и ќе служи како пример и инспирација, а тоа е најважно! Сара Јо на најубав начин се запиша во историјата на музичката сцена и сите сме горди на тоа. За сите нас ова беше важен проект. Го направивме најдобро што знаеме! Благодарност до нашата Саки за довербата. Уметниците и победничката мора да бидат здрави, и затоа само најголема љубов и поддршка за Контракта“, напиша Марко Спалевиќ, долгогодишен соработник и пријател на Сара Јо на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.
Се вчитува....