3.8 C
Скопје
00:40 - 21 декември, 2024

Променливо време и сезона на вируси, што да се преземе? Ефикасна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусните инфекции

Променливото време повторно ја отвори сезоната на вирусни инфекции. И токму тогаш кога помисливме дека ја надминавме ковид-пандемијата, се соочуваме со нови вирусни мутации. Што да се преземе?

Во изминатиот период, за време на коронакризата па сè до денес, едно од најпоставуваните прашања беше како човечкиот организам да се бори со вирусните инфекции. Антиоксиданси или антибиотици беше дилемата кај многу доктори во процесот на лекување на пациентите особено за време на пандемијата.

Мултидисциплинарниот истражувачки тим од Клиниката за инфективни болести и фебрилини состојби, Институт за имунобиологија и хумана генетика и Институт за претклиничка и клиничка фармакологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ изработи ин виво научно истражувачка студија насловена „Антиоксидантски и анти-инфламанторни ефекти од користење на Ge 132+ Natural  при вирусни инфекции“, а за модел беше користен вирусот на САРС Ков 2. Опсервациската студија беше спроведена од ноември 2021 до февруари 2022 година, со цел да се утврди ефектот на Ge 132+ Natural врз стрес маркерите и инфламаторните цитокини IL 6, IL 8 и TNF-a на над 30 заразени пациенти со средно тешка клиничка слика, а контролната група од 15 пациенти со иста клиничка слика не беа третирани со препаратот. Лабораториските тестови кај пациентите заразени од вирусот ковид 19, покажаа абнормалности поврзани со тн. цитокинска бура, која се презентира со зголемени вредности на CRP, фертилин, брадикинин, интерферон гама, тумор некротички фактор, интерлеукини 6 и 8 ивисок сооднос наи NLR и енормен пад на железото во крвта. Цитокинската бура доведува до хиперкоагулација на малите крвни садови што доведува до оштетување на ткивото како и системското откажување на виталните органи. Оваа состојба е придружена со зголемено ниво на системски оксидативен стрес OSI кој е тригер фактор за многу хронични болести. По завршувањето на третманот со антиоксидантот Ge 132+ Natural, резултатите покажаа дека се намалуваат индексот на оксидативниот стрес, OSI, за два пати, а параметрите на инфламација, т.е. воспалителните процеси, IL 6 и IL8, за 3 до 6 пати.

Презентираната студија покажа дека дневното користење на актиоксидантот Ge 132+ Natural  во текот на вирусни инфекции, вклучително и ковид 19 е ефикасна и потентна терапија која обезбедува редокс рамнотежа во организмот и го јакне имунолошкиот систем, особено кај пациенти со хронични болести како дијабет, кардиоваскуларни и белодробни заболувања и кај оние со најтешки дијгнози кои се под константен системски оксидативен стрес. Етичкиот комитет на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје ја одобри оваа студија под број No 03-4731/6.

Клиничката студија изработена „ин виво“ (на пациенти) докажува дека граничниот производ GE132+Natural, помага не само во одбрана на организмот од вируси, туку помага и во побрзо оздравување.

Студијата е објавена во реномираниот научноистражувачки портал Sciencedirect.com. Компанијата „Интернешнал хелт“ (International Health), благодарение на истражувањето ја докажа можноста за побрзо закрепнување во случај на вирусни инфекции. Иако истражувањето се однесуваше на еден од најпознатите вируси на денешницата, ковид-19, добиените резултати се применливи на сите видови вируси вклучувајќи ги и оние најчестите – вируси што предизвикуваат настинка и грип.

Составот на граничниот производ GE132+Natural (екстракт од реиши печурки, ликопен, сулфорафан, матична млеч и ресвератрол) покажува противвоспалително дејство и способност да го заштити организмот од појава и развој на вирусна инфекција.

Комерцијален текст.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....