05:09 - 8 април, 2026

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Поранешната Мис туризам Хрватска, денес претприемачка и дизајнерка на накит, Иванчица Пахор, пред неколку месеци објави дека боледува од рак кој ги зафатил лимфните јазли. Оттогаш, таа се бори со сериозна болест, а со својата нова објава на Инстаграм, допре до многумина.

Со фотографијата од автомобилот, Пахор напишала како болеста ја променила и што ја научила.

„Оваа болест ме научи да се сакам себеси каква што сум. Косата падна на перницата, во огледалото заморот и бледило… И токму тогаш ја откриваш силата и убавината што немаат никаква врска со совршенството“, напиша таа во објава што растажи многумина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivančica Pahor (@ivancica.pahor)


Иванчица во ноември минатата година на Фејсбук откри дека ѝ е дијагностициран рак и тогаш сподели со јавноста низ што поминува.

„Во овие моменти поминувам низ најтешката агонија во мојот живот и најголемата борба досега. Медицинските анализи ја потврдија дијагнозата за рак. Оние што ме познаваат знаат дека целиот мој живот беше голема и постојана борба – паѓав, но секогаш станував. Немав време за жалење, а ниту за мал одмор. Се дадав самата себе до крајните граници, а сè поради една желба: моето семејство да биде среќно“, напиша таа.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....