34.8 C
Скопје
19:23 - 28 август, 2026

Поради еврејското потекло се криела по тавани и подруми, а од стрес косата ѝ побелела за неколку минути: Неверојатната животна приказна на Рахела Ферари

Рахела Ферари не било нејзиното вистинско име. Родена е како Роза (Рохел) Фројнд во еврејско семејство, а детството го поминала во Земун.

Уште на 20-годишна возраст почнала да настапува во Српскиот народен театар во Нови Сад, каде што ги поминала следните 10 години. Во 1941 година се преселила во Белград, но за време на Втората светска војна не настапувала. Поради своето еврејско потекло и одбивањето да носи жолта лента на раката, морала што побрзо да се сокрие. Подоцна открила дека се криела по тавани и подруми на периферијата на Белград, а понекогаш за тоа морала и да плаќа.

Додека се криела во Жарково, го користела името Ружа и се претставувала како актерка од Војводина. Една ноќ на нејзината врата затропал Гестапо. Откако сфатила дека нема каде да побегне, решила да ја отвори вратата, а единствената сосетка која знаела за нејзиниот вистински идентитет веројатно токму тогаш ѝ го спасила животот.

Таа влегла во куќата и, прегрнувајќи ја, ѝ честитала за улогата што ја добила. За среќа, талентот на Рахела ѝ помогнал и во најважната животна улога. Воодушевена, збунетите припадници на Гестапо ги послужила со ракија, велејќи им дека ѝ донеле среќа, а тие заборавиле да ѝ побараат лични документи.

Актерката успеала да се спаси, но кога се погледнала во огледалото, ништо повеќе не било исто. Наместо кафеава коса, имала бела. Поради огромниот стрес, косата ѝ побелела за само неколку минути, а веќе следниот ден се отселила.

По бракот со Александар Стојковиќ, го променила името и презимето во Марија Стојковиќ. Во седумдесеттите години тој починал, а таа го земала уметничкото име Рахела Ферари, по кое останала запаметена.

Публиката ја насмеа со своите улоги во остварувањата „Со грло во јагоди“, „Тесна кожа“, „Национална класа“, „Давител против давител“, „Паја и Јаре“, „Метла без рачка“, „Танго аргентино“, „Подобро од бегство“ и други.

Рахела Ферари почина во 1994 година, на 83-годишна возраст, а беше погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

Во 2007 година, Поштата на Србија ѝ посвети поштенска марка на Рахела Ферари, како дел од серијата „Големи српски глумци“.

No photo description available.

Слични објави

(Видео) Желка ѝ се прикраде и ја касна за задникот – Се шири хит-снимка од инфлуенсерка во танга-бикини

Т.Ц.

(Фото) „На овој наш православен празник ми се промени животот“: Водителката Милена Антовска го слави 9. роденден на ќерката

Еспресо

Тони Зен: Слаткаристика е најдобриот рапер во Македонија

apostolova

Сања Кужет ги напушта „Ѕвездите на Гранд“: Време е да продолжам понатаму

Т.Ц.

Бојан Илиевски ги насмеа фановите во пет часот наутро

Т.Ц.

Бизнисот ѝ цути – Вики Миљковиќ ја продаде вилата, па купи три стана за 1.500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....