1.8 C
Скопје
00:30 - 24 февруари, 2026

Пола Абдул го обвини продуцентот на „Американски идол“ за сексуално малтретирање: „Ме допираше по градите и гениталиите“

Пејачката Пола Абдул го обвини телевизискиот продуцент Најџел Литго, кој води голем број популарни американски ТВ емисии за пребарување таленти, за сексуално малтретирање. На една од тиепопуларни емисии,  „Американски идол“, Пола работеше како член на жирито од 2002 до 2009 година.

Во петокот, 29 декември, 61-годишната пејачка поднела тужба против 74-годишниот продуцент, пишува The Blast. Според тужбата, Најџел постојано вербално ја вознемирувал и малтретирал Пола за време на раната сезона на „Американски идол“. Така, еден ден, набргу откако Абдул се приклучила на тимот на шоуто, Најџел ѝ рекол дека е „поранешна“ славна личност и дека натпреварувачите нема ни да ја препознаат.

Друг пат, кога Литго и Абдул се вратиле заедно во хотел по аудициите и влегле во лифтот, продуцентот ненадејно ја притиснал пејачката на ѕидот и почнал насилно да ја бакнува, како и да ја допира по градите и гениталиите. Пола успеала да го оттурне Најџел, а кога се отвориле вратите од лифтот, таа истрчала во својата соба, каде веднаш во солзи повикала еден од нејзините претставници да му каже што се случило. Литго подоцна се обидел повторно да ја бакне ѕвездата за време на вечерата што ја приредил во својот дом.

Нејџел Литго, инстаграм

Покрај тоа, Пола тврди дека била сведок на сексуалниот напад на Најџел врз една од нејзините асистенти. Посебно, таа го спомнува фактот дека била дискриминирана врз основа на нејзиниот пол – Пола забележува дека била многу помалку платена од нејзините машки колеги и дека „таа била предмет на постојан потсмев, малтретирање и понижување“ од Литго и други креаторите на шоуто.

Претходно во декември, поранешната помошничка на Вин Дизел, исто така го обвини Литго за сексуално вознемирување.

Слични објави

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Еспресо

(Видео) Луксузната вила на Каќа Живковиќ: Пејачката го покажа раскошниот амбиент

Еспресо

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Еспресо

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо
Се вчитува....