13.8 C
Скопје
12:39 - 28 октомври, 2026

Пејачот Игор Узунов, кој се бореше со леукемија, со емотивна порака му се извини на непознато момче

Македонскиот пејач Игор Узунов, кој има потешкотии со одењето, јавно му се извини на младо момче кое возело мотор, откако, како што објасни, ненамерно му го попречил возењето. Узунов вели дека поради здравствените проблеми со одењето се движи со помагало и мора често да застанува и да одмора.
Пејачот и автор објави емотивен статус на социјалните мрежи, во кој вели дека му е жал што момчето добило укор од својот ментор и му посака успешно да го положи испитот за возачка дозвола.
„Сакам вака јавно да му се извинам на момчето денес што возеше мотор затоа што најверојатно се спрема да полага и да се стекне со возачка дозвола…
Тие што ме знаат, знаат дека имам проблеми со одењето па, на неколку метри чекорење морам да застанам да одморам затоа што одам со помагало.
Навистина ми е жал што бев причина за негов укор од неговиот ментор, а беше ненамерно!
Ќе ми биде навистина мерак да си положи од прва и да ужива во своите адреналински авантури за кои копнеам и јас ама животот одлучил дека не треба да го доживеам тоа!
Другар, кој и да си – ИЗВИНИ!“, напиша Узунов.
Игор Узунов, кого публиката го памети и како едно од музичките имиња од проектот М2, низ годините отворено зборуваше за сериозните здравствени предизвици со кои се соочувал. Тој е роден со спина бифида, нарушување во развојот на ‘рбетниот столб, а подоцна се соочил и со леукемија, поради која се лекувал во Германија.
Узунов се лекуваше од карцином на ‘рбетот и леукемија и по лекувањето се вклучи во хуманитарни активности, со желба своето искуство да го искористи за поддршка на други луѓе кои минуваат низ тешки заболувања.
Во интервју од 2024 година, Узунов кажа дека цел живот се соочува со спина бифида и дека сака да придонесе за поголема информираност за оваа состојба. И покрај тешките периоди низ кои поминал, тогаш најави и желба повторно да ѝ се посвети на музиката.

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....