09:24 - 6 април, 2026

Откриено е зошто Лејди Гага нема да настапи на Оскарите: „Односите ни се одлични, но…“

Извршниот продуцент и водител на Оскарите, Глен Вајс, во средата им изјави на новинарите дека Лејди Гага, која е номинирана за најдобра песна, „Hold My Hand“ од „Top Gun: Maverick“, нема да ја изведе песната на церемонијата.

„Ние всушност ги поканивме сите петмина номинирани. Односите ни се одлични со Лејди Гага и нејзиниот табор, но таа е среде снимање на филм во моментов, и тука ја почестуваме филмската индустрија и сѐ што е потребно за да се направи филм“.

Некои се сомневаа дека Лејди Гага нема да може да настапи поради распоредот на снимање на „Joker: Folie à Deux“, во кој глуми и Јоакин Феникс. Се очекува филмот да излезе во октомври, 2024 година.

Покрај Ријана, која во недела ќе ја изведе „Lift Me Up“ од „Black Panther: Wakanda Forever“, гледачите ќе ги видат и изведбите на песните од филмовите „Everything Everywhere All at Once“, „Tell It Like a Woman“ и “РРР.”

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Голи раменици, без градник: Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....