13:50 - 8 април, 2026

Откриена е вртоглавата алиментација што Душко ќе ѝ ја плати на Јелена

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак, а низ овој за нив тежок период поминуваат на цивилизиран и коректен начин.

Имено, Јелена во соопштението објавено на нејзиниот Инстаграм профил откри дека таа и Душко одлучиле да се разведат, и дека повеќе нема да се огласуваат на оваа тема.

Потоа откри дека таа го има старателството над децата, а целиот брачен имот им бил пренесен на нивните две ќерки.

Нивниот брачен имот се состои од две вили, пренесуваат српските медиуми. Едната се наоѓа на белградско Дедиње и е купена пред неколку години, како што пишуваа медиумите, за три милиони евра, додека другата се наоѓа во Лисичји Поток.

Со оглед на тоа дека ќерките се уште се малолетни, Јелена ќе располага со имотот до нивното полнолетство. Бидејќи Карлеуша ќе го има старателството над децата, Душко ќе плаќа алиментација. Според српски Курир, месечниот износ на алиментација ќе изнесува 5 илјади евра, а ќе го финансира и нивното образование.

За разлика од бројните други познати парови кои за време и по разводот имаат само лоши зборови еден за друг, Јелена и Душко минуваат низ тешкиот период на многу цивилизиран, пристоен и коректен начин. Една од причините најверојатно се нивните ќерки кои со родителска грижа сакаат да ги заштитат од дополнителен стрес и изложување во јавноста.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....