11:30 - 8 април, 2026

Од каде Мештеровиќ пријателка со Ѓорѓе Давид: „Вера ми е најголем „брат“…“

Ѓорѓе Давид на финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во друштво на македонската мисица и денес водителка Вера Мештеровиќ, па сите се прашуваа од каде се познаваат.

Отпосле се дозна дека имено Мештеровиќ му е лице за односи со јавност на музичарот во Македонија.

Убавата Вера штом се појави ги собра сите погледи на себе.

– Во прашање е Вера Мештеровиќ, поранешна мис на Македонија, жена која е сериозен пиар кога е Македонија во прашање и која е мој менаџер за Македонија. Вера е некој кој ми беше најголем „брат“ кога ми се случи тој ужас во Македонија. Бидејќи Вера е некој што сакаше да дојде овде и да види како изгледа сето ова, ѝ реков:

„Спакувај се, те чека хотелот, на тебе е да дојдеш да видиш како изгледа она што го викаме „гранд финале“ – објаснил Ѓорѓе, а на коментарот дека сигурно многумина би му позавиделе затоа што е опкружен со убави жени, рекол:

– Мажите можат да ми позавидат, но најважно е што моите блиски пријатели, меѓу кои и Ана (сопругата) и Сташа (ќерката), многу добро знаат која е Вера во мојот живот, пренесува српскиот портал „Лепа и среќна“.

Фотографиите може да ги погледнете – ТУКА.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....