5.8 C
Скопје
05:39 - 22 март, 2026

Новиот вид на коронавирус е потврден во најмалку 37 држави, од соседството во Грција има четири случаи

Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен.

Според експертите новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста.

Новиот вид на коронавирусот покрај во Велика Британија потврден е и во Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чиле, Кина, Данска, Хонг Конг, Финска, Франција, Германија, Исланд, Индија и во Ирска.

Исто така регистриран е и во Израел, Италија, Јамајка, Јапонија, Јордан, Либан, Малта, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд и во Норвешка.

Новиот вид на коронавирусот регистриран е и во Пакистан, Португалија, Обединети Арапски Емирати, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Тајван, Турција, САД и во Виетнам.

Новиот, мутиран вид на Ковид-19 бил потврден кај четири од шест позитивни случаи кај посетители кои во Грција пристигнале од Велика Британија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Спореди истите информации, станува збор за патници кои за време на божиќните празници дошле во Грција, а телевизијата „Скај” објави дека позитивните лица се сместени во хотел карантин во Атина.

Според грчката телевизија „Антена”, откривањето на новиот вид на коронавирусот во Грција, кој се шири побрзо, било една од причините за новите рестрикции што ги воведе грчката Влада.

Слични објави

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....