33.8 C
Скопје
13:07 - 29 август, 2026

Нови детали за врската на Хајден Панетје – Нејзиното момче со месеци ѝ се додворувало на друга жена

Нови приватни пораки што ги објави „Page Six“ фрлија дополнително светло врз животот на Брајан Хикерсон во месеците што ѝ претходеле на смртта на актерката Хајден Панетје.

Според наводите на американскиот медиум, Хикерсон кон крајот на март наводно запознал 25-годишна жена од Гринвил, Јужна Каролина, по што преку Инстаграм и текстуални пораки покажувал романтичен интерес за неа и се обидувал да договори средба.

Жената, која сакала да остане анонимна, тврди дека не се сеќава многу на нивната наводна прва средба бидејќи, како што рекла, била „многу пијана“.

Откако Хикерсон ја заследил на Инстаграм и ѝ испратил порака, таа му објаснила дека не се сеќава јасно на нивната средба.

Во една од пораките што ги објави „Page Six“, лицето за кое се верува дека е Хикерсон наводно ѝ напишало:

„Беше прекрасно што те запознав синоќа, убавице. Ти должам состанок.“

Во продолжението на преписката наводно ѝ предложил вечера и се обидувал да ја убеди повторно да се видат.

Жената, сепак, подоцна го изгубила интересот, наведувајќи ја како причина разликата во годините, но и фактот што речиси воопшто не се сеќавала на нивното запознавање.

Според објавените пораки, Хикерсон продолжил да ѝ се јавува и откако таа престанала да му одговара.

Последната наводна порака е од 14 април, кога повторно ја прашал кога ќе ја однесе на вечера.

Особено чувствително прашање е временската рамка на односот меѓу Брајан Хикерсон и Хајден Панетиер.

„Page Six“ наведува дека природата и статусот на нивниот долгогодишен однос во тој период не се јасни и дека медиумот не можел независно да потврди дали дошло до преклопување на односите.

Поради тоа, објавените пораки сами по себе не докажуваат неверство, иако, доколку се автентични, укажуваат дека Хикерсон покажувал романтичен интерес за друга жена.

Жената од Гринвил тврди дека во моментот на нивната наводна комуникација не знаела за поврзаноста на Хикерсон со ѕвездата од серијата „Херои“. Вели дека повторно го слушнала неговото име дури откако јавноста дознала за смртта на Хајден Панетиер.

„Почнав да ги прегледувам моите директни пораки. Помислата дека несвесно сум станала поврзана со една врска од висок профил, особено во вакви несреќни околности, беше нешто што не можев ни да го замислам“, изјавила таа, според наводите на „Page Six“.

Истрагата за смртта сè уште трае

Хајден Панетиер била пронајдена мртва на 16 август во стан во Гринвил. Според достапните информации, истрагата за нејзината смрт сè уште трае, а надлежните ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи за да ја утврдат точната причина и начинот на смртта.

Во текстот исто така се нагласува дека ниту Брајан Хикерсон ниту неговиот брат Зак Хикерсон не се обвинети за каква било вмешаност во нејзината смрт. Според претходните извештаи, кај Хајден Панетиер не биле пронајдени знаци на траума кои би придонеле за смртта.

Адвокатот на Хикерсон одбил да ги коментира најновите наводи за приватните пораки.

Слични објави

За малку избегната трагедија: На комбето во кое бил Слободан Радановиќ со бендот му отпаднало тркало при возење

Т.Ц.

Повеќе не се кријат: Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ фотографирани заедно по шопинг во Загреб

Еспресо

Светско, а наше: Никола Мицевски триумфираше на престижниот натпревар во Лос Анџелес

apostolova

„Никогаш нема да му простам“: Ѓина Џиновиќ му испрати брутална порака на таткото Харис?

Еспресо

Хороскоп за 29 август: Девиците ќе бидат вознемирени, Скорпиите ги очекува изненадување

apostolova

(Фото) Првпат на море со синот – сликата на Алекса Балашевиќ со малиот Ѓорѓе ќе ве разнежни

Еспресо
Се вчитува....