Денеска се одбележува Велики петок, еден од најтажните и најзначајните денови во христијанската традиција. Тоа е ден кога верниците се сеќаваат на маченичката смрт на Исус Христос. Велики петок е дел од Страсната седмица, непосредно пред Велигден, и се смета за ден на пост, жалост и интроспекција.
Пејачката Ана Бекута потсети на важен обичај поврзан со овој ден, кој многу верници често го занемаруваат. Ана објасни зошто јајцата на Велики петок се бојадисуваат во црвено.
— Велики петок е најтажниот ден во христијанството, денот кога Исус е распнат. Јајцата се вапсаат во црвена боја, бидејќи таа ја симболизира Исусовата крв која е невино пролеана и новиот живот. Тој ден не се јаде, не се радува, не се пее и не се честита — потсети Ана Бекута.
За љубовта со Мрка
Врската на Ана Бекута и покојниот политичар Милутин Мркоњиќ отсекогаш предизвикуваше восхит. Неодамна Ана зборуваше за нивниот однос, на денот кога би прославиле 14 години љубов.
— Денес би ни била годишнина. Секој ден ни беше Ден на вљубените. Тој беше голем кавалер, многу внимателен и многу ме сакаше. Не планирам нова љубов. Неговата песна е ‘Треба времена’ и ќе ја испеам на почетокот. Не размислувам за нова љубов, тешко дека ќе се повтори нешто што беше врвно и што не беше од оваа планета“ — се присети Ана на моментите со Мрка, не криејќи колку тој ѝ недостасува. Во еден момент емоциите целосно ја совладаа и беше на работ на солзи.
