15:34 - 8 април, 2026

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Пејачот Здравко Чолиќ денеска ќе добие дипломатски пасош на Босна и Херцеговина, дознава „Кликс.ба“. Откако одржа дури пет спектакуларни концерти во родното Сараево, Чолиќ ја претвори салата „Зетра“ во место исполнето со емоции, носталгија и заедништво. Секоја вечер имаше посебна приказна, но чувството што ги поврзуваше публиката и изведувачите остана исто, искрено, силно и речиси опипливо.

По овој повод, Чолиќ денес ќе престојува во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, каде што министерот Елмедин Конаковиќ свечено ќе му врачи дипломатски пасош.

Да потсетиме, прексиноќа Здравко Чолиќ го одржа последниот од петте закажани концерти во сараевската „Зетра“, а во придружба на симфонискиот оркестар, ѝ подари на публиката уште една магична ноќ за Денот на градот.

Како и на претходните настапи, Чолиќ пеел во придружба на „Биг бенд“ од Нови Сад, оркестар составен од дури 60 музичари под диригентската палка на Федор Вртачник.

Меѓу некои од истакнатите кои претходно добија дипломатски пасоши на Босна и Херцеговина се претставници од различни области.

Слични објави

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....