27.2 C
Скопје
08:48 - 15 јули, 2026

На Ана Николиќ ѝ е преку глава од „ти си алкохоличарка“, оди на детоксикација во Австрија: Третманот чини 50 илјади евра

Познатата српска пејачка Ана Николиќ вели дека ја болат коментарите на лошите јазици кои пишуваат на социјалните мрежи за неа дека е „дебела“, „алкохоличарка“ и дека зема наркотици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Николиќ наскоро ќе оди на детоксикација во Австрија за да се подготви за претстојниот концерт. За болницата каде што ќе престојува и ексклузивниот третман таа платила 50 илјади евра.

Инаку, Николиќ често води војни со „хејтерите“ и со неистомислениците, кои често ја нарекуваат со грди и навредливи зборови поради нејзиниот наводно „развратен живот“, но и поради наводната прекумерна употреба на алкохол, па дури и наркотици. Сепак, како што истакнува Ана, не дозволува никој да ја нарече „наркоманка“ ниту „алкохоличарка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

– Не дозволувам никој да ме злоупотребува! Можам да се расправам со хејтерите и по три часа. Свесна сум дека тоа е бесмислено, бидејќи не ни знам кој е тој што стои зад профилот на социјалната мрежа, но не можам да дозволам некој да ме навредува и да ме нарече наркоманка – изјави пејачката, а потоа додаде:

– Добивам сипаници кога некој ќе спомне дрога! Најчесто ми пишуваат: „Ти си алкохоличар“, „дебела си“, „слаба си“… Кога некој ќе претера, го блокирам – изјави Ана во свој стил.

 

Слични објави

Ќерката на Петар Грашо го насмеа Здравко Чолиќ: „Те молам, престани да пееш, гледам цртан!“

Еспресо

Бојана Скендеровски откри низ каква драма поминала по раѓањето на синот: „Ми го скрати животот на еден час“

Еспресо

(Фото) Двојна причина за славење во семејството Наташа Беквалац: Пристигнуваат честитки од сите страни

Еспресо

(Фото) „За нас ова е тажен ден на земјата“: Елена Ристеска го одбележа роденденот на својот покоен татко

Еспресо

Ѓоковиќ од Вимблдон директно во Црна Гора: Славниот тенисер отишол на стоматолог во апостолки и шорцеви

Еспресо

(Фото) Мандар стана татко! На свет дојде ќерката Илина, радоста ја сподели со фотографија од болница

Еспресо
Се вчитува....