02:18 - 8 април, 2026

Мила Јовович: Потекнувам и од Русија и од Украина, растргната сум на два дела додека го гледам хоророт

Американската актерка Мила Јовович (46) има украинско, руско и српско потекло, а поради кризата во Украина на Инстаграм објави долг опис во кој се присетува на теророт од војната.

-Со скршено срце, запрепастена, се обидувам да ги процесуирам настаните од оваа недела во мојата родна Украина. Мојата земја и народот се гранатирани. Семејството и пријателите се кријат. Мојата крв и корените потекнуваат и од Русија и од Украина. Растргната сум на два дела додека го гледам хоророт, земјата се уништува, семејствата се раселуваат… Се сеќавам на војната во татковината на мојот татко, во поранешна Југославија, и на приказните на моето семејство за траумите и теророт што ги доживеале. Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. И секогаш народот плаќа со крвопролевање и солзи – напиша Јовович.

Минатата година Мила се потсети на членовите на семејството кои учествувале во Втората светска војна во редовите на југословенските партизани.

– Дедо ми по татко, Богдан Јовович, се борел во редовите на југословенските партизани. Може да се каже дека потекнувам од семејство на борци, војници и револуционери и горда сум на моето наследство и на неверојатните луѓе од кои потекнувам – напиша таа по тој повод на Инстаграм.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....