9.8 C
Скопје
04:35 - 28 октомври, 2026

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Пејачката Маја Вукиќевиќ со емотивни зборови и со стара фотографија се потсети на легендарните македонски актери Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски.

На фотографијата што е направена по заеднички настан, покрај Маја, Петрушевски и Тодоровски е и пејачот Александар Тарабунов.

„По еден настан, една убава фотографија за спомен со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски-легенди на македонската сцена.
Некои луѓе заминуваат, но нивната насмевка, талент и дух остануваат засекогаш со нас.
Сеќавање на Ванчо и Гоце – легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“, напиша Вукиќевиќ на Инстаграм.

Фотографијата што сега ја објави Вукиќевиќ е потсетување на едно време и на двајца актери кои оставија длабока трага во македонската култура.

Маја Вукиќевиќ веќе подолго време живее во Австралија со својот син Гораст. Иако е далеку од Македонија, пејачката преку социјалните мрежи често споделува спомени од својата музичка кариера, фотографии со колегите и моменти поврзани со македонската сцена.

Ванчо Петрушевски почина на 25 август 2018 година на 67-годишна возраст од струен удар.
Гоце Тодоровски почина на 26 јули 2026 година, на 75-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Vukicevic (@mayavukicevic)

;

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....