9.8 C
Скопје
15:48 - 27 октомври, 2026

(Фото) Луна Ѓогани направи нова естетска корекција: Се пофали со резултатот од клиниката!

Победничката на втората сезона на реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани, повторно се подложи на естетска интервенција.

Пејачката и инфлуенсерка на социјалните мрежи објави фотографија од клиника и откри дека направила „бејби ботокс“, кој, како што објасни, ја затегнува кожата и ги намалува борите.

„Затоа кожата ми изгледа посвежо“, напиша Луна во описот на фотографијата, нагласувајќи дека е презадоволна од резултатот.

Оваа нејзина објава предизвика лавина реакции и бројни коментари на интернет.

Фото: Инстаграм/Луна Ѓогани

Луна и претходно јавно зборувала за естетските зафати на кои се решила. Таа има корекција на носот, зголемување на градите и полнење на усните, а во повеќе наврати истакнувала дека не жали за своите одлуки.

„Желба ми беше да ги зголемам градите, тоа го направив и не се покајав. Тоа не беше потреба, туку моја одлука бидејќи верував дека ќе изгледам подобро. На девојките би им препорачала да направат таков чекор само ако се сто отсто сигурни и ако сметаат дека тоа ќе им го зголеми самодовербата“, изјави таа во една од своите претходни изјави.

Слични објави

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.
Се вчитува....