13:27 - 8 април, 2026

Љубовта завршува со загуба: Искрена исповед на пливачот Марко Пејчиновски

-Љубовта секогаш завршува со загуба. И тоа е цената. Сè што сакаш, еден ден ќе го изгубиш-рече во својата нова објава на Фејсбук младиот пливачки херој од Охрид Марко Пејчиновски, кој трипати го преплива Охридското Езеро со некроза на ногата.
Марко на Фејсбук објави видео од неговата покојна мајка, која го пречека на охридското пристаниште кога го преплива езерото во 2021 година, кога беше болна од канцер, а овој подвиг ѝ го посвети на неа.
-Тоа е една од лекциите што ги научив кога почина мајка ми. И тоа не ме направи тажен. Напротив, ме направи среќен. Можеби се прашувате: како? Или зошто? Бидејќи е потребна храброст за да сакаш некого. Да сакаш некого значи однапред да прифатиш дека еден ден ќе го изгубиш и тоа е реалноста.
Ризикот на љубовта е загуба. Наградата на љубовта е сè. Спомените што ги создаваш со љубов ја надгласуваат болката од загубата. Таа не исчезнува, но добива смисла.
Убавината на љубовта е во тоа што ќе заврши. И затоа учиш да го цениш моментот. Затоа учиш навистина да живееш. Има нешто многу поболно од тоа да изгубиш некого што си го сакал. А тоа е воопшто никогаш да не си сакал.
Љубовта е најсилната емоција што ја поседуваме како луѓе. Поради љубов се трудиме да бидеме подобри луѓе. Поради љубов работиме за подобар живот на оние што доаѓаат по нас. Поради љубов сме романтични, заштитуваме и создаваме спомени.
И поради љубов се трудиме за самите себеси, затоа што ако не можеш да се сакаш себеси, не можеш вистински да сакаш никого. И кога тој ден ќе дојде, кога ќе ја изгубиш својата љубов, не тагувај поради тоа што завршило. Биди благодарен што се случило.
Зашто ако не боли кога ќе заврши… дали навистина било љубов? Затоа сакај. Ризикувај. Животот е подобар така- напиша Марко Пејчиновски.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....