23:03 - 7 април, 2026

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Филмот „Саша“ посветен на Саша Поповиќ е сниман со поддршка на „Гранд продукција“ и ги прикажува значајните луѓе од неговиот живот. Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша,емотивно зборуваше за неговата борба со болеста.

Во филмот „Сале“ ќе се појави и Лепа Брена која ќе биде дел од овој проект, а Сузана Јовановиќ сметаше дека во филмот треба да се појават сите личности што биле значајни во животот на Сале и токму тие треба да кажат нешто за него.

Во најавата за филмот, на еден момент е прикажана и фолк дивата Лепа Брена која зборуваше со грутка во грлото:

„И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме …“

Вдовицата Сузана Јовановиќ, со солзи во очите, зборуваше за починатиот сопруг:

„Тој, кој е полн со живот, енергија, радост, љубов, и да има таква болест …“

Како што објави „Гранд продукција“, премиерата на првиот дел од документарецот „Сале“ ќе се емитува в сабота, 28 февруари, од 20 часот на ТВ Прва, додека вториот дел ќе се прикаже на 1 март, исто така од 20 часот на програмата на ТВ Прва.

Саше Поповиќ почина на 1 март 2025 година.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....