23:57 - 7 април, 2026

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

куркума

Лековитите дејства на куркумата се неприкосновени, но како и за секој природен препарат, во одредени ситуации не е препорачливо да се консумира.

Препораките се да не ја користат:

Трудници и доилки

Тие можат да ја користат како зачин во мали количини, но не и да ја земаат како дополнителен препарат во исхраната. Куркумата ја стимулира матката, може да предизвика нерегуларни крварења, па дури и да ја намали подвижноста на сперматозоидите, во случаи кога парот сака да зачне. Дури и мажите не смеат да претеруваат со неа, доколку планираат семејство.

Луѓе што имаат камен во жолчката

При оваа состојба, кога лицето има проблеми со жолчната ќеса, најдобро е куркумата воопшто да не се консумира, бидејќи ги интензивира болките.

Луѓе што имаат камен во бубрег

Претераниот внес на куркума го зголемува ризикот од создавање камен во бубрег. Ако имате семејна историја со создавање камења во уринарниот тракт, внесувајте куркума во сосема мала количина.

Луѓе со дијабетес

Дејството на куркумата кај дијабетичарите е многу истражувано. Заклучокот е дека може да се користи само доколку не користите лекови за дијабетесот, бидејќи во спротивно се зголемува ризикот од хипогликемија.

Луѓе што треба да бидат оперирани

Ако имате закажана операција, не консумирајте куркума најмалку три недели пред интервенцијата. Куркумата е антикоагулант и може да го отежни зацелувањето на раната.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....