11:31 - 8 април, 2026

Кралот Чарлс III нема милост: „Ти си протеран засекогаш“

Само неколку недели по заминувањето на кралицата Елизабета, новиот крал покажа немилосредност кон некои членови од кралското семејство кои претходно правеа скандали. Скандалите во палатата не се ништо ново за кралот Чарлс кој со години живееше во сенката на некои „духови од минатото“ кои продолжуваат да го прогонуваат. Прво, теориите на заговор за смртта на Лејди Д, потоа збогувањето на Хари и Меган од кралското семејство,и на крајот скандалот на неговиот брат прицнот Ендрју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Andrew (@theroyalfamilyandrew)

Се чини дека кралот од својата мајка го наследил не само престижот на една од најважните круни во светот, туку и ставот за донесување тешки одлуки особено ако се однесуваат на „неверните“ членови на кралското семејство. Чарлс Трети веќе го преживеа збогувањето на неговиот син Хари кој е подготвен да објави книга која ќе излезе во јануари и која повторно ќе го има кралското семејство за тема. Но деновиве, кралот е во центарот на вниманието за една многу важна одлука за која очигледно веќе се договорил со кралицата Елизабета пред таа да почине. Имено, прицнот Ендрју доби забрана за членство во кралското семејство поради судењето за сексуален напад во кое тој беше протагонистот.

Така, прицнот Ендрју засекогаш ќе ја изгуби улогата на полноправен член на кралско семејство, а исто така и неговите права како член на кралското семејство. Тој сигурно ќе може да продолжи да живее во луксуз, но не и да ги користи кралските титули и останатите бенефиции. Изгледа дека одлуката не ја примил добро принцот кој би паднал во длабока депресија по веста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Andrew (@theroyalfamilyandrew)

Неговиот брат, кралот Чарлс, одлучи да го отстрани од кралското семејство каде никогаш повеќе нема да има јавна улога. Одлука што сигурно би предизвикала неговата сакана мајка многу да страда, но која кралот очигледно ја сметал за неопходна за да ја заштити круната и да се дистанцира од многу сериозното обвинение против братот.

Дали ќе го видиме прицнот Ендрју повторно заедно со неговиот брат кралот Чарлс III? Ќе дознаеме на денот на неговото крунисување кога се уште не е јасно каква улога ќе има.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....