Ќерката на легендарниот британски фудбалер Мајкл Овен, Џема Овен се најде на официјалната листа на учесници во популарното реално шоу „Love Island“, кое е познато како еден од форматите полни со експлицитни сцени и секс сцени, а го гледаат милиони гледачи ширум светот.
19-годишната Гема е професионален јавач на коњи, популарна на социјалните мрежи и има своја линија на костими за капење. Нејзиното појавување во шоуто се шпекулира со месеци, а таа до неодамна сето тоа го демантираше, но изгледа се предомислила.
View this post on Instagram
„Го гледам Love Island секое лето, но сега тоа не е нешто за што би размислувал бидејќи не барам љубов во моментов. Не сум сигурна дека би можела да бакнам десет момчиња по ред. Но, мислам дека тоа е одлично шоу“, изјави Џема за Дејли Меил.
Тогаш призна и дека не мисли дека нејзиниот татко би бил премногу задоволен со нејзиното појавување во шоуто „Love Island“.
View this post on Instagram
-Во моментов не мислам на момчиња и татко ми воопшто не би бил среќен да отидам кај него и да му кажам „Одам на „Love Island“ – заклучи таа.
Но, сега е откриено дека Џема цело лето ќе се сонча на Мајорка, а нејзиното појавување во шоуто е потврдено на официјалната страница Love Island на Твитер.
View this post on Instagram