7.8 C
Скопје
08:20 - 24 март, 2026

Излезе тајната сума: Колку навистина платил Саша Ковачевиќ за најскапиот спот во Србија?

Српскиот пејач ­Саша Ковачевиќ го собори рекордот за најскап музички спот во Србија. За екранизацијата на песната „Преварена“ издвоил околу 100.000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Спотот е сниман на повеќе локации, со професионална филмска екипа и филмски третман, поради што трошоците значително пораснале. Она што во моментот изгледало како ризична инвестиција, денес се смета за целосно исплатлив потег. Видеото за „Преварена“ брои околу 60 милиони прегледи на „Јутјуб“, што покажува дека публиката јасно го препознала вложениот труд и пари.

Саша Ковачевиќ важи за еден од најбараните и најпродуктивни изведувачи на регионалната сцена и е познат по тоа што не штеди кога станува збор за визуелниот идентитет на неговите проекти. Со спотот за „Преварена“ тој го подигна продукцискиот стандард на домашната сцена и го постави рекордот за најскапо платен музички спот во Србија.

­ Покрај успесите на музички план, во јавноста последниов период се коментира и неговиот однос со колешката Емина Јаховиќ. Ковачевиќ неодамна изјави дека бил повреден од неколку нејзини постапки и дека повеќе не ја доживува како пријателка.

„Секого од колегите го почитувам. Два, три пати се случија работи што не беа колегијални и другарски. Тоа беше во минатото. Повеќе не се постави пријателски, а јас ја сметав за пријател“, изјави пејачот во една српска емисија.

Тој додаде и дека нивниот проблем трае со години и дека почувствувал потреба јавно да се огласи.

„Мора да реагирам, да се одбранам и да застанам во гард. Ова се нормални работи во нашата работа“ порача Ковачевиќ.

Слични објави

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо
Се вчитува....