11.8 C
Скопје
02:45 - 9 октомври, 2026

Исплива преписката на Алексеј Бјелогрлиќ со друга девојка, договараат средба во Цирих и ја понижуваат Сара Јо

Синот на Драган Бјелогрлиќ, актерот Алексеј, наводно ја изневерил својата партнерка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, а „Телеграф“ добил преписка од актерот и засега непозната девојка за јавноста.

Имено, тие дошле до преписката која Алексеј наводно ја разменувал со непозната девојка.

Судејќи според пораките, двајцата разговарале за можна средба во септември во Цирих, што дополнително ги разгорело сомнежите за нивната однос.

Во еден дел од преписката, ја спомнале и Сара Јо. Непозната девојка споменала дека пејачката купила прегледи за песната „Дубље“, а Алексеј напишал дека се гледал со неа додека таа сè уште била во врска со словенечкиот танчар Жига Сотлар.

– А, што да правам? Ни таа не е чиста. Ти реков дека бевме во врска уште кога Словенецот беше во нејзиниот стан… – гласи една од неговите пораки.

– Ти реков да бидеш внимателна и да не ми праќаш вакви директни пораки, ако случајно е покрај мене. Таа прави нешто небитно во Црна Гора оваа недела – ја предупредил својата љубовница, пишува српска „Телеграф“.

Тој имал и подготвено сценарио во случај пораките да стигнат до јавноста.

– Секако, оваа мојата е толку заљубена што ништо да гледа. Ако нешто се случи, јас ќе кажам дека повторно ме наместиле. Ќе го демантирам тоа преку адвокатската канцеларија и тоа е тоа.

Во меѓувреме, тој ја поканил девојката да дојде и на филмскиот фестивал во Ниш, а се договорале и да се сретнат во Цирих, каде што има претстава.

Тој дури и се потсмевал на Сара Јо, заедно со непознатата девојка.

Од редакцијата на „Телеграф“  се обиделе да стапат во контакт со Сара Јо, но таа не им возвратила на повиците. Од друга страна, Алексеј одговорил, но кога го слушнал прашањето, само го исклучил телефонот.

 

 

Слични објави

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Лејла Филиповиќ го прослави 50. роденден на гламурозна забава, ѝ запеа и Петар Грашо

apostolova

Трајче Манев четири децении по победата на „Макфест“ зборува зошто „Осамен“ му е посебна: Тоа е песна што сум ја создал со еден здив

Еспресо

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.
Се вчитува....