18.8 C
Скопје
15:13 - 16 март, 2026

„Хрватска не е Северна Кореја“: Што се случувало на судењето на Сергеј Трифуновиќ

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера бил приведен на преминот Бајаково откако се обидел да влезе во Хрватска, потврди сплитската полиција.

Полицијата се огласи и ги објасни причините за апсењето.

Како што тврдат, Трифуновиќ е приведен затоа што „нему му е забранет влез во земјите на ЕУ по инцидентот во септември минатата година кога ги навредуваше хрватските полицајци во Сплит, за кои напиша дека се надева дека ќе си сошијат убави црни униформи по моделот на Франтиќ (Јуре Франтиќ беше хрватски усташки комесар) и им ги навредувал мајките“.

Трифуновиќ пред судот рече дека е можно тој да го објавил тоа, но на ниту една фотографија нема сплитски полицаец облечен во униформа со усташки симболи.

– Можно ли е државјанин на Србија поради ова да биде на листа на потерница во Хрватска? Тогаш секој од нив десет илјади заслужува потерница? Ме судат за вербален деликт, за алузии и метафори, а претпоставувам дека сепак ова не е Северна Кореја, изјави Трифуновиќ пред судот, а пренесува „Слободна Далмација“.

Додека ја чекаше пресудата, на новинарите во ходникот им кажал дека тоа се три фотографии од филмот „Дара из Јасеновац“, каде неговиот пријател Марко Јанкетиќ го игра командантот на логорот Јасеновац, Макс Лубуриќ.

Потсетуваме, Сергеј денеска се појави пред сплитскиот суд каде доби казна – 60 дена затвор, условно во период од една година, а треба да плати 150 евра трошоци.

За време на судењето со него била и неговата сопруга Исидора, а од Загреб во Сплит пристигнал српскиот конзул Стефан Ристиќ кој рекол дека Трифуновиќ не го повикал на помош, туку дошол да му даде поддршка како државјанин на Србија.

„Не сум добро!“: Јелена Карлеуша ги откри деталите за разводот од Душко Тошиќ

Слични објави

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо
Се вчитува....