00:39 - 8 април, 2026

Хаос на одмор: Дарко Лазиќ сред ноќ полуразголен се обидувал да влезе во апартманот

Дарко Лазиќ е на семеен одмор со сопругата Катарина и ќерката на Малдивите, а неговата избраничка редовно споделува снимки од егзотичната дестинација.

Ноќта им започнала со неочекувана ситуација. Во доцните часови Катарина објави видео на кое се гледа како пејачот, полуразголен, се обидува да влезе во апартманот. До проблемот дошло кога нивната ќерка ја затворила вратата, а тие претходно не го понеле клучот.

Околу два и пол часот по полноќ, Лазиќ морал да најде начин да стигнат до креветот и до своите работи. Се качил на стол и се обидел да ја прескокне оградата.

„Ајде, прва вечер на Малдивите. На полноќ Срна ни ја затвори вратата и немаме клуч… Уф, многу е високо, мислам дека подобро јас да се качам“, рече Катарина кога сфати дека оградата е превисока за Дарко лесно да ја прескокне.

Таа инсистираше таа да се качи бидејќи е полесна, но пејачот одби. Потоа донесе канта за отпадоци, се качи на неа и повторно се обиде.

„Леле, ако сега се повреди. Дај јас ќе се качам, полесна сум“, му рече таа, додека Лазиќ нервозно реагираше.

На крајот успеа да ја прескокне оградата и да влезе во сместувањето, додека Катарина остана надвор и не можеше да престане да се смее на целата ситуација.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....