09:07 - 19 ноември, 2026

Горда мајка: Соња Тарчуловска објави слики од децата со посебен повод

​Познатата македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од своите деца.

Соња сподели слика од синот Младен, кој годинава ја слави својата матура. На фотографијата која пејачката ја објави, Младен изгледа зрело и подготвено за новиот чекор во животот, а гордата мајка не ја криеше својата среќа, придружувајќи ја објавата со емотикони за среќа и молитви, додека во позадина одеше песната „Мојата Македонија“ од Давид Темелков.

Фото/Инстаграм

Освен за матурантот, Соња сподели и фотографија од својата ќерка Јоана која е во основно училиште. Таа во јуни ќе наполни 11 години и е талентирана за балет.  За нејзината објава, пејачката ја одбра класиката „Vienna“ од Били Џоел, симболизирајќи го текот на времето и растењето.

Фото/Инстаграм

Соња и Јохан Тарчуловски ја имаат и најстарата ќерка Мелани која исто како и мајка ѝ е пејачка, но во поп музиката.

Слични објави

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо
Се вчитува....