10:13 - 8 април, 2026

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Пејачката Гоца Тржан отворено проговори за своето минато, разводот и односот со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена. Во гостување во подкаст, таа искрено се осврна на бракот и последиците од разделбата.

„Не, не се срамам од Иван Маринковиќ. Зошто би се срамела? Тој беше мој избор, во тој момент беше вистинскиот за мене. Од тој однос се роди Лена“, изјави Тржан, нагласувајќи дека минатото не го доживува како товар.

По разводот, Маринковиќ започна ријалити кариера и со години е дел од вакви телевизиски формати. Гоца откри дека нивната ќерка не го видела десет години, бидејќи тој најголемиот дел од времето го поминал во ријалити-програми.

„Строго им наредив на моите родители и на сите кај кои одеше Лена да не ги пуштаат тие емисии на телевизија, за да не го гледа во такво издание“, рече пејачката, додавајќи дека тој имал проблеми со алкохол и коцка.

Таа раскажа и за тежок период по разводот.

„Од бракот излегов гола како гасеница, со кредит за стан“, изјави Тржан, потенцирајќи дека сè што поминала ја направило посилна. И покрај болните искуства, вели дека е благодарна, пред сè поради ќерката. „Моето дете е неверојатно суштество – воспитано, убаво, јас ја обожавам. Му благодарам за неа и сум благодарна за сè што се случи“, заклучи пејачката.

Гоца Тржан повеќе од една деценија е во брак со Раша Новаковиќ, со кого, како што вели, денес живее мирен и исполнет живот.

Слични објави

(Видео) Ивона Јо: Ми отсранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.
Се вчитува....