12.8 C
Скопје
12:11 - 28 октомври, 2026

(Фото) Водителката на Пинк живее во чист луксуз: По станот, Бојана Лазиќ си купи автомобил од 90.000 евра

Водителката на српската Пинк ТВ, Бојана Лазиќ, повторно изненади многумина. Откако неодамна ја отвори вратата од својот луксузен дом, сега на Инстаграм се пофали со својот нов, скап автомобил.

Сигурно е дека морала да потроши многу пари за ваков автомобил, а нејзините следбеници на социјалните мрежи не го криеја воодушевувањето.

Познатата водителка позирала насмеана пред својата нова луксузна машина, која била украсена со огромна црвена панделка, а друштво ѝ правело нејзиното домашно милениче – пудлица.

Во коментарите, најблиските веднаш ѝ посакале среќа со новото возило, додека Бојана не криела колку е горда, особено затоа што го купила овој луксузен автомобил недолго по купувањето на новиот  стан.

Цената на овој автомобил е околу 90.000 евра.

Да потсетиме, атрактивната водителка неодамна го покажалс својот дом, на чиј ентериер работела темелно, обрнувајќи внимание на апсолутно секој детаљ. Нејзиниот животен простор зрачи со чист луксуз – уреден во земјени тонови, со мермер, бела гарнитура, внимателно организиран шанк и гламурозен кристален лустер.

Бидејќи ја обожава модата, особено накитот и чантите, Бојана одлучила цел сегмент од станот во да претвори во импресивен мини гардеробер.

– Сакам земјени тонови. Имав помошници кога го опремував станот. Сакам да биде чисто, уредно… Јас сум естета по природа – рекла своевремено Бојана.

– Секое утро го средувам креветот, како да ми доаѓаат додворувачи или како да сум во војска – рекла Бојана со насмевка за „Блиц“ и додала дека често и со задоволство готви во својата кујна.

– Морам да признаам дека готвам добро. Подготвувам оброци за моето дете Матеја. Секое утро и секој ден не можам да стасам, но понекогаш подготвувам убави и вкусни јадења – рекла водителката.

 

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....