18:19 - 7 април, 2026

(Фото) „Стоите пред огледалото и велите: „Кој е ова по ѓаволите?: Расел Кроу снимен на одмор во Италија

Актерот Расел Кроу со неговата 31-годишна девојка Бритни Териот е на одмор во Венеција. Кога излегоа фотографиите во јавноста многу негови фанови коментираа дека актерот се здебелил, а и тој самиот неодамна изјави дека размислува да стави крај на својата актерска кариера по 40 години работа во индустријата.

„Стоите пред огледалото и велите: „Кој е ова по ѓаволите? Сега сум во тој период“, рече тој на 57. Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка.

„Ќе го земам Ридли Скот како мој модел: тој сè уште работи и открива нови трендови. Или ќе бидам таков или едноставно ќе престанам и никогаш повеќе нема да слушнете за мене. Не сум одлучил што е тоа. Тоа се два многу валидни избори“, изјави актерот.

Расел стана многу популарен со улогата во филмот „Гладијатор“ од 2000 година, за кој доби Оскар. Тој е познат по бројни филмови како Човек од челик, Прекрасен ум, Робин Худ, Les Miserables и други.

 

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....