11:54 - 8 април, 2026

(Фото) Сестрaта на Ксенија Пајчин со скршено срце: Објави досега невидена фотографија по повод роденденот на трагично починатата пејачка

Вчера трагично починатата пејачка Ксенија Пајчин ќе наполнеше 48 години, а по тој повод се огласи нејзината сестра Миа Пајчин, која сподели досега необјавена нивна заедничка фотографија и емотивна порака што ги потресе сите кои ја паметат Ксенија.

Ксенија го загуби животот кога нејзиниот тогашен дечко, Филип Каписода, ја усмрти, по што си го одзеде и сопствениот живот. Години подоцна, болката во семејството не стивнува.

Миа на својот профил напиша трогателни зборови за својата постара сестра:

„Те сакам. Мислам на тебе секој ден и сè повеќе ми недостасуваш. Често нè замислувам – јас со мои 28, ти со 48 – како би било, како сè би изгледало полесно и поубаво ако беше тука. Сè би дала да те прегрнам уште еднаш. Знам дека ме чуваш. Ќе се видиме еден ден,“ напиша Миа под фотографијата.

Емоцијата, тагата и љубовта што зрачат од нејзините зборови уште еднаш покажуваат колкав белег остави Ксенија врз своето семејство и колку силно е сè уште присутна во нивните животи.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....