12:05 - 8 април, 2026

(Фото) Се омажи Ана, ќерката на Билјана Дебарлиева, фотографиите откриваат уште една убава вест

„Си добив уште еден син“, напиша на Фејсбук Јован Дебарлиев, сопругот на ТВ-презентерката Билјана Дебарлиева, по венчавката на нивната ќерка Ана.

Ана се омажи за Стефан Бошковски, а на фотографиите може да се забележи дека младите имале убава забава со најблиските.

Билјана Дебарлиева изгледа шик на фотографиите од венчавката. Таа избрала широки панталони со палто кои одлично ѝ стојат, а невестата е облечена во тесен бел фустан.

Уште една убава вест е што младите, според фотографиите коишто се објавени, очекуваат принова, што значи дека Билјана и Јован наскоро ќе станат баба и дедо.

Во една прилика, во интервју за „Слободен печат“, Дебарлиева рече дека своите деца, Ана и Мики ги остава самите да ги носат своите одлуки за иднината, а таа и сопругот се тука да ги поддржат.

– Времињата многу се сменија. Оставам да си го планира животот, да види што ѝ е приоритет во моментот и кои ѝ се желбите сега и за во иднина. Дали порано или подоцна, би рекла дека сè си има предности и недостатоци и затоа е најдобро да оставиме работите сами да се случуваат – одговори Билјана на прашањето дали ја советува ќерка си млада да се омажи како што направила таа.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....