13:38 - 8 април, 2026

(Фото) Поранешниот вереник на Јелена Розга е во љубов со секси Украинка: „Еден и единствен“

Јелена Розга неколку години уживаше во љубовта со виолончелистот Стјепан Хаузер.

Врската ја започнаа во 2015 година, а траеше само две и пол години. Во меѓувреме живееле заедно и се вериле, а иако биле на чекор од олтарот, ставиле точка на романсата.

Јелена и Стјепан, инстаграм

Пред неколку месеци Хаусер за хрватските медиуми за прв пат откри како се запознал со поранешната пејачка на групата „Магазин“

– „Соработката“ со неа беше феноменална, траеше две години. Прекрасен период од мојот живот, секогаш ќе имам убави спомени од нашата „соработка“. Се запознавме на натпреварот за Мис Универзум, отидов таму да ги гледам мисиците, а потоа ја видов и ми се допадна повеќе од сите убавици. Така започна се – се присетил Хаусер, а потоа призна колку го нервирале озборувањата кои кружеле за тоа дека и двајцата се членови на ЛГБТ заедницата.

– Тоа е глупост. Ужасно ми одеше на нерви тогаш. Тоа беше вистинска љубов, живеевме заедно две години – изјави тој на крајот на 2023 година за порталот Showbiz.Dnevnik.Hr.

Инаку, иако Хаусер никогаш јавно не го признал тоа, судејќи по фотографиите, тој е во многу блиска врска со украинската инфлуенсерка Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariia (@marivessa)

Марија неодамна сподели заедничка фотографија со него, позирајќи покрај базен, и напиша „еден и единствен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariia (@marivessa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariia (@marivessa)

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....