Познатата македонска водителка Бојана Скендеровски, сподели посебна слика со сестра ѝ Ивана, со која неверојатно си личат.
Со оваа слика, Бојана уште еднаш покажа дека семејството е нејзиниот најголем извор на среќа.
Насмеани, во опуштена атмосфера и со очигледна меѓусебна блискост, сестрите покажаа дека и покрај бројните професионални ангажмани, секогаш наоѓаат време за заеднички моменти.
Она што не останува незабележано е неверојатната сличност меѓу Бојана и Ивана.

Иако Бојана е постојано под лупата на јавноста поради нејзината кариера, таа ретко пропушта прилика да нагласи колку и значи поддршката од нејзините најблиски.
Бојана и продуцентот Васил Скендеровски имаат две деца, ќерката Искра и синот Ѓорѓи, и партнери се не само приватно, туку и во работата
