14:38 - 19 ноември, 2026

(Фото) Марк Ентони го очекува своето седмо дете од четвртата сопруга Надија Фереира: „Најубавиот подарок за Денот на вљубените“

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, познатиот пејач и танчер Марк Ентони (54) и неговата сопруга Надија Фереира (23) на Денот на вљубените објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Тие на Инстаграм објавија фотографија од нејзиниот труднички стомак.

„Најдобриот подарок за Денот на вљубените досега“, напиша Надија и додаде: „Ти благодарам, Боже, за овој голем благослов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiatferreira)

Двојката се венча на крајот на јануари оваа година. Надија Фереира е парагвајска манекенка која беше крунисана за Мис Универзум на Парагвај 2021 година. Како Мис Универзум Парагвај Фереира се натпреваруваше на Мис Универзум 2021 година, каде што се пласираше како прва придружничка.

Ова е седмо дете за пејачот. Со Деби Росадо ја доби ќерката Аријана и го посвоија синот Чејс. Со поранешната Мис Универзум Дајанара Торес, со која се ожени во 2000 година, тој има два сина, Кристијан и Рајан. Со Џенифер Лопез пак, ги има близнаците Ема и Макс.

 

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....