23:29 - 16 ноември, 2026

(Фото) Ја продолжи традицијата и по разводот: Ана Ивановиќ во елегантен црн фустан го честиташе католичкиот Божиќ

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ ја завршува оваа година во нова емотивна состојба откако јавноста беше шокирана од информацијата дека таа и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведуваат. За време на бракот, тие ги почитуваа сите празници, а српската тенисерка очигледно продолжи со оваа традиција дури и по распадот на бракот.

Имено, на сите им се допаднало тоа што во семејството на Бастијан и Ана се славел и католички и православен Божиќ, а децата биле воспитани да ги почитуваат двете религии. Сега, по разводот, Ана продолжила со оваа традиција.


Таа објави фтографии на својот Инстаграм од прекрасно украсена елка, каде држи подарок во рака, и им посакува на своите следбеници среќен Божиќ.

„Среќен Божиќ на сите што слават денес“, напиша Ана на својата објава на Инстаграм.

Ивановиќ блесна во долг црн фустан кој го истакна нејзиното совршено тело, а се чини дека никогаш не била поженствена и позадоволна отколку во периодот кога повторно остана сама. Ана го поминува овој животен период со достоинство, и се чини дека тоа ѝ донесе сосема ново поглавје.

А, во речиси исто време со Ана и Бастијан, објави празнична честитка на својот инстаграм-профил. Како што може да се види, тој е на планината неколку дена со својот брат и татко, каде што уживаат во семејна идила. Поранешниот фудбалер објави селфи пред новогодишната елка и им го честита Божиќ на своите следбеници.

Слични објави

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ објави емотивна порака за роденденот на Немања: „Бог знаеше дека заедно ќе ја доживееме најголемата љубов“

Еспресо

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо

„Мислев дека е обичен плускавец, а завршив на операција и ми ампутираа два прста“: Игор Филевски – Филе ја раскажа здравствената драма низ која поминал

Еспресо
Се вчитува....