Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник на Инстаграм откри како го уредила својот дом за празниците, споделувајќи ги моментите кога го китела новогодишното дрвце. Меѓу бројните детали, најмногу внимание привлече еден – портретот на нејзиниот татко, легендарниот музичар Дино Дворник.
Ела се одлучила за минималистичко новогодишно дрво, украсено исклучиво со бели панделки и светилки. Од своите следбеници побарала мислење дали повеќе ги сакаат раскошните или едноставните празнични украси.
Покрај дрвцето, таа покажала и како изгледа нејзиниот дневен престој во празнично руво. Посебен акцент ставила на големиот портрет од Дино, поставен над каучот и украсен со светилки, кој доминира во просторот. Целата просторија е украсена со различни растенија, семејни фотографии и голема фигура на Дедо Мраз, создавајќи топла и домашна празнична атмосфера.
View this post on Instagram
Паралелно со празничните подготовки, јавноста сè почесто шпекулира дека Ела има ново љубовно поглавје во својот живот. На социјалните мрежи таа редовно објавува фотографии со мистериозен маж кого го нарекува „Мештар“, но неговиот идентитет упорно го чува во тајност. Кон крајот на октомври, инфлуенсерката откри дека заедно патувале во Барселона, што дополнително ги засили гласините.
Ела продолжува активно да ја споделува својата секојдневица со следбениците, а нејзините празнични подготовки и семејните моменти секогаш предизвикуваат големо внимание на социјалните мрежи.
