2.8 C
Скопје
07:00 - 27 октомври, 2026

(Фото) Блага Петреска во досега невидено издание, пејачката се подмлади

Слика од Блага Петреска во досега невидено издание е објавена на социјалните мрежи. Легендата на македонската фолк-музика е како од Холивуд излезена, со шминка и облека која ја прават многу помлада.

-Најпрекрасна, дама, лавица, легенда, хероина, со глас и достоинство докажа што е пејач и остана таква… нашата Блага Петреска- напиша до оваа слика Адријана Алачки која ја објави. На сликата е и нивниот колега Спасен Силјановски, кој заедно со Адријана Алачки ја води емисијата „Везилка“.

Фото / Фејсбук

Инаку, фолк дамата во мај месец рече дека за првпат на фолк фест „Валандово“ пее по 40 години. Таа тогаш ја испеала песната, „Раширило оро широко, по селските мегдани“, и рече дека по 40 години пее за празни села без мегдани, без младина, без деца, за места кај што нема кој да заигра оро и да се запее песна.

Блага тогаш раскажа дека е многу тажна што е така. Пејачката рече дека таа жали што нејзините внуци не се до неа, едната е во Германија, а другата е во Москва.

 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....