3.8 C
Скопје
21:52 - 20 декември, 2024

Емили Ратајковски моли проштевање од Оливија Вајлд: „Не сакам да бидам дел од љубовен триаголник со мојата пријателка“

Манекенката Емили Ратајковски сега „моли“ за прошка од Оливија Вајлд, откако видеото на кое таа и Хари Стајлс се бакнуваат во Јапонија стана вирално.

Изгледа дека Емили Ратајковски и Оливија Вајлд се пријателки некое време, па дури и биле фотографирани заедно на забавата за Оскарите на Vanity Fair.

Извор кој зборуваше за Page Six тврди дека сопственичката на марката Емрата, ја „моли“ Вајлд за прошка по нејзиното „предавство“.

Пријателките Емили и Оливија минатото лето седеа заедно во ВИП делот на концертот на Хари Стајлс во Париз и беа видени како одлично се забавуваат заедно.

Емилија тврдеше дека имала заштитнички јавен став кон Оливија Вајлд кога таа добивала бурни реакции за филмот „Не грижи се мила“ и го открила јавно „љубовниот триаголник“ помеѓу Флоренс Пју, Хари Стајлс и Вајлд.

Манекенката зборуваше за британското издание на Ел застанувајќи на страната на двете пријателки, Оливија Вајлд и Амбер Херд.

„Во изминатата година се соочивме со лудоста како Амбер Херд и Оливија Вајлд да се „стават во кутија“ како да се чудовишта или вештерки… Има нијанси на тоа, но кога ќе го видите начинот на кој целиот свет реагира на жените, навистина е тешко да не сакате да отидете во екстремната страна од тоа“, додаде таа „Се чувствувам многу заштитнички настроена“.

Извор близок на Оливија пак, тврди дека и денес таа сака да негува заштитнички став кон својата пријателка Оливија и дека не сака да биде дел од љубовен триаголник, туку сака да излезе од целиот овој медиумски хаос.

Да потсетиме, Хари Стајлс и Оливија Вајлд беа во врска речиси две години и раскинаа во ноември.

Оливија Вајлд моментално го посветува своето време на своите деца кои ги има од врската со  Џејсон Судеикис, и за децата моментално е во битка за старателство што ја довело до долгови. Според Е! вести, документите што биле објавени од судот наведуваат дека „Запечатените и приватните документи што беа обелоденети денес се најголема повреда на довербата и никогаш не биле наменети за јавност, Оливија само продолжува да биде фокусирана на заедничко родителство на нејзините деца и надминување на минатото, на овој тежок период брзо и без драма“.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....