15:18 - 12 ноември, 2026

Елен Деџенерис ќе чува кокошки, се повлекува од јавност: „Стара сум, геј и злобна“

Комичарката и водителка Елен Деџенерис ` се врати на првата љубов – стенд ап комедија, а подготвува и нов специјал на „Нетфликс“.

Сепак, она што ги изненади сите е нејзиното признание дека после тоа засекогаш ќе исчезне од јавната работа.

“Да ви кажам што се случи откако последен пат ме видовте. Си набавив кокошки. И да, ме исфрлија од шоубизнисот затоа што бев злобна”, рече Елен на турнејата со нејзиниот нов специјален “Последниот стенд-ап на Елен” и продолжи:

„Отсекогаш сум велела дека не ми е грижа што велат луѓето за мене. Сега сфаќам дека тоа сум го кажала за време на врвот на мојата популарност. Следниот пат ќе ме избркаат затоа што сум стара. Стар, геј и злобна, тројна круна“.

Таа потоа објасни од каде се обвинувањата против неа.

“Знам дека можам да барам многу, дека сум нетрпелива и опасна. Јас сум силна жена. Јас сум многу работи, но не сум злобна”, изјави Деџенерис, а кога ја прашале дали сега ќе се обиде да ја врати нејзината стара слава, таа веднаш одговорила негативно.

„Ова е последен пат што ќе ме видите. Откако ќе го снимам специјалот за Нетфликс, завршив“, рече таа.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....