01:48 - 11 ноември, 2026

Џорџ Клуни негира дека тој и Бред Пит биле платени по 35 милиони долари за „Волци“

Зборувајќи покрај Бред Пит на Филмскиот фестивал во Венеција денес, пред светската премиера на трилерот „Волци“, Клуни се осврна на неодамнешниот напис на Њујорк Тајмс во кој има извори кои тврдат дека дуото биле платени „повеќе од 35 милиони долари за секој“ за својата работа.

„[Тоа беше] интересен напис и каков и да е нивниот извор за нашата плата, тоа е милиони и милиони и милиони долари помалку од она што беше објавено. И јас го кажувам тоа само затоа што мислам дека е лошо за нашата индустрија ако луѓето мислат дека тоа е стандард за нашите плати“, рече Клуни. „Мислам дека тоа е страшно, ќе го оневозможи снимањето филмови“.

Да потсетиме дека заплетот на „Волци“ раскажува за двајца осамени „чистачи“ на кои им е доверена една заедничка задача при која гледаат дека се многу слични. Во актерската екипа на филмот се и Остин Абрамс, Ејми Рајан, Пурна Џаганатан, Златко Буриќ и други. Филмот е во продукција на Apple.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....