11.8 C
Скопје
10:40 - 28 октомври, 2026

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Бојана Тевчева на македонската публика ѝ е позната како поранешна манекенка, новинарка и ТВ-водителка. Во 2024 година таа повторно се појави во улога на водителка на изборот за Мис на Македонија за Мис Универзум, заедно со Татјана Стојановска и Борислав Тноковски.

Нејзиното име своевремено се појавуваше и во приказните поврзани со Тоше Проески. Во дел од регионалните медиуми Тевчева се споменува како една од девојките за кои во годините на најголемата популарност на Тоше беше во љубовна врска.

Тоше ретко зборуваше за приватниот живот, а неговите најпознати јавно потврдени љубовни приказни останаа оние со Благица Мицова и ракометарката Андријана Будимир.

Тевчева во меѓувреме се повлече од секојдневното телевизиско новинарство и професионално се насочи кон комуникациите. Во поновите официјални податоци нејзиното име се среќава и во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Сега, со ангажманот во „На пладне со МРТ 1“, Тевчева повторно се враќа во улогата по која голем дел од публиката ја памети, пред телевизиските камери.

Таа на Фејсбук објави фотографии од снимањето на емисијата „На пладне со МРТ 1“, со што го најави своето враќање во телевизискиот етер.

„На пладне со МРТ 1“, напиша Тевчева покрај фотографиите на кои позира со својата колешка Ева Јовановска пред зградата на Македонската радио-телевизија.

Слични објави

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо
Се вчитува....