9.8 C
Скопје
05:56 - 28 октомври, 2026

Бојан Илиевски ги насмеа фановите во пет часот наутро

Македонскиот пејач Бојан Илиевски, победникот на „Ѕвездите на Гранд“, редовно се огласува на социјалните мрежи, каде што со следбениците споделува детали од својот живот, а со своите објави често знае и да ги насмее.

Така беше и овојпат, кога пејачот среде ноќ ги изненади следбениците со необична одлука. Имено, Бојан откри дека станал во пет часот наутро за да оди да купи сладолед.

Покрај фотографијата оставил и духовита порака со која ја опишал својата дилема:

– Не можам да одлучам! Помогнете! Стануваш во 4:35 часот наутро и одиш по сладолед…

Судејќи според објавата, се чини дека желбата за омилениот десерт била посилна од сонот. Неговата објава веднаш го привлече вниманието на следбениците, кои очигледно се препознаа во оваа целосно спонтана одлука.

Бојан очигледно многу сака сладолед. По победата на „Ѕвездите на Гранд“, откако се врати во Скопје откри како ја прославил победата.

– Првиот пријател што го видов беше Димче, менаџер кој работи со Јоце Панов. Отидовме на сладолед, така што победата ја прославив со сладолед.

 

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....