1.8 C
Скопје
04:36 - 23 февруари, 2025

Бившата девојка на Метју Пери шокира со признанието: „Мислам дека се дрогирал пред смртта“

Поранешната девојка на Метју Пери изјави дека мисли дека актерот пред смртта повторно користел недозволени супстанци, а еден од показателите биле неговите објави на социјалните мрежи.

принтскрин

Поранешната девојка на Метју Пери, Кејти Едвардс, по смртта на актерот изјави дека мисли дека тој не „се удавил само во базенот“, туку дека повторно почнал да користи недозволени супстанци.

Таа најпрво ги посочи необичните објави на Пери на социјалните мрежи, поради кои се посомневала дека тој се вратил на стариот порок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

– Има многу работи кои не ми се јасни. Не верувам дека само се удави во џакузи, тоа не ми звучи логично. Го познавам Метју и знам дека нема тукутака да се удави. Мислам дека можеби пиел апчиња претходно. Рекоа дека немало лекови против болки на местото на настанот, што не ме чуди. Беше параноичен и ги криеше сите, па немаше докази – изјавила Кејти за британски The Sun.

Во последните објави на Инстаграм, актерот се потпишувал како Метмен, што на неговата поранешна девојка ѝ било сомнително.

– Бев со него кога се дрогираше, иако не се дрогирав со него. Секогаш кога ќе му кажев дека можеби треба да ја намали дрогата, тој ми велеше: „Не, јас сум Метмен“. – рече Кејти.

Рекла и дека Метју често поминувал многу време во вода, кога користел недозволени супстанци. Имено, бил опседнат со вода после дрогирање.

– Еднаш неговиот сосед го најде Метју гол во неговиот базен. Морав да отидам таму и да го извадам од базенот на неговиот сосед. Постојано беше во вода кога се дрогираше – рекла таа.

Да потсетиме, објавена е посмртницата на актерот Метју Пери, кој ненадејно почина на 54-годишна возраст. Во документот, објавен од Институтот за јавно здравје и до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на детална анализа на неговите токсиколошки наоди, откако првичните резултати покажаа дека нема траги во неговата крв од супстанции фентанил и метамфетамин.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....