8.8 C
Скопје
00:25 - 19 март, 2026

Автомобилот што Дарко Лазиќ го уништи не бил негов?! Штетата по несреќата изнесува 120.000 евра, испливаа нови детали

Пејачот Дарко Лазиќ ноќеска доживеал сообраќајна несреќа на автопатот во Нов Белград, додека со него во автомобилот била и неговата сопруга Катарина Лазиќ, која седела на совозачкото место.

И двајцата по несреќата биле хоспитализирани, а потоа пуштени на домашно лекување. Српските медиуми јавуваат дека Дарко, откако ја напуштил болницата, продолжил во кафеана и продолжил со забавата со завои на главата.

Најновите информации откриваат дека автомобилот „мерцедес“ со кој управувал пејачот не бил во негово сопствеништво, туку бил изнајмен. Штетата се проценува на неверојатни 120.000 евра.

Како што пренесуваат медиумите, Дарко во моментот на несреќата бил во алкохолизирана состојба со повеќе од 1,9 промили алкохол во крвта, а одамна нема важечка српска возачка дозвола затоа што му е одземена. Тестот за дрога покажал негативен резултат.

Според извор близок до пејачот, на инцидентот му претходела жестока расправија помеѓу Дарко и Катарина. Тие присуствувале на промоцијата на песната на сестрата на Катарина – пејачката Тијана Матиќ, каде што дошло до несогласување кое кулминирало пред патот кон дома.

Во првата изјава за медиумите, Дарко Лазиќ објаснил како дошло до сообраќајката, но вели дека настаните не ги памети јасно.

„Изгубив контрола. Гледам дека сите пренесоа дека сум бил во алкохолизирана состојба и се споменуваат недозволени супстанции. Јас ГИ имам сите наоди од болница. Фала му на Бога, никој не настрада, преживеавме. Сопругата ми е добро, јас добив повреди на главата, ништо страшно. Падна дожд, автомобилот се занесе и удрив во автобус. Среќа, во автобусот немаше патници, никој не е повреден. Сите сме живи и здрави,“ изјави пејачот.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....