12:58 - 13 ноември, 2026

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Хрватската пејачка Алка Вуица уште еднаш го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографија што открива дел од нејзиниот луксузен дом.

На објавата, иако е направена ноќе, се гледа пространо дворно место со базен, опкружено со зеленило, кое во текот на летото претставува вистинска оаза за одмор и уживање. Многумина забележаа колку просторот е уреден со стил, а глетката предизвика бројни позитивни реакции.

Сепак, најголемо внимание привлече описот што Алка го остави покрај фотографијата, покажувајќи дека отсекогаш имала смисла за хумор.

– Базенот дома е најдобриот начин да се живее во лето. Освен ако немате јахта – напиша таа покрај фотографијата.

Со оваа духовита забелешка пејачката ги насмеа своите следбеници, кои во коментарите ѝ порачаа дека, судејќи според фотографијата, не ѝ е потребна ни јахта, бидејќи во својот дом има вистински мал рај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....