16.8 C
Скопје
19:29 - 8 октомври, 2026

Ѕвездата на „Гранд“ обвинета за изнуда: Пејачката уценувала бизнисмени со интимни видеа, им зела 50.000 долари

Пред Кривичниот суд во државата Онтарио е во тек постапка каде што натпреварувачката од српското музичко шоу „Ѕвездте на Гранд“, Драгана Јовиќ од Канада, е обвинета за изнуда на пари.

Пејачката која за време на натпреварот рекла дека доаѓа од Торонто, и која во тоа време имала 25 години, зборувала дека студирала на Факултетот за биохемија, а дека во слободно време настапува или оди во теретана, себе се опишала како „амбициозна, мила и упорна личност чиј музички пример е Александра Пријовиќ“.

Меѓутоа, недолго по натпреварот, таа се повлекла и се вработила како консултант за здравје и безбедност во компанија за безбедност при работа чиј сопственик наводно го уценувала, како и најмалку уште двајца бизнисмени од српско потекло, според судските документи. Според документите, таа ги запознавала жртвите на настапи.

Таа барала од бизнисменот која ја тужи, да ѝ ги исплати парите за да не ги открие интимните снимки на неговата сопруга. Попуштајќи под овие закани, тужителот на 1 март ѝ платил на обвинетата 10.000 долари.

Тужената не била задоволна од износот од 10.000 долари, па побарала и дополнителни 40.000 долари до 1 април 2024 година. Според обвинението, таа планирала да се сретне со сопругата на тужителот на 1 април 2024 година со намера да сподели интимни снимки со неа. Дијана за тоа го информирала бизнисменот што ја тужи.

Како резултат на тоа, тужителот ѝ исплатил на Дијана 50.000 долари. Тој бил принуден да му плати на пејачката за да ги запре заканите и да обезбеди прекин на врската. Дејствијата на тужената претставуваат граѓанско-правен деликт за заплашување и изнуда. Обвинетата бил неосновано збогатена за износ од 50.000 долари бидејќи не постои правна основа, како што е важечки договор или подарок, таа да ги задржи тие средства.

Според тие документи, Драгана Јовиќ се појавила на судскиот процес, но потоа била пуштена да се брани од слобода. Во договорот што го потпишала со судот, таа се согласила да остави депозит од 500 долари и се обврзала дека во следните 12 месеци, добро ќе се однесува, почнувајќи од 25 јуни 2026 година.

Таа, исто така, добила забрана за приближување против жртвите и се обврзала да не оди на истите места каде што одат тие, како и да не ги покажува никаде интимните снимки што ги поседува, а епилогот од судењето сè уште се чека.

Слични објави

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.

Промотивни цени во Клиника „Жан Митрев“: Промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

apostolova

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо
Се вчитува....